Бока јуниорс и Сантош одиграа 0-0 во Буенос Аирес, па одлуката за патникот во финалето на Копа Либертадорес ќе падне следната среда во Сао Пауло. Во другото полуфинале Палмеирас го надигра Ривер плејт со 3-0, па реално е на 30-ти јануари на „Маракана“ во Рио де Жанеиро да има бразилско финале и тоа градско дерби.
Синоќешниот меч на „Бомбониера“ мина во знакот на спорниот момент во 74-тата минута, кога Марињо беше фаулиран во 16-никот на домашните, но и по прегледувањето на снимката, судијата одлучи да остане на својата одлука да не досуди пенал. На снимката се виде дека имаше контакт, па Бразилците беа лути и сметаат дека се оштетени.
Се чини дека имаше пенал за Сантош, но Бока се спаси од голема непријатност, иако и вака на Аргентинците ќе им биде тешко да се најдат во финалето. Погледнете го спорниот момент: