Бока оди на 7+ голови, но и тоа може да не им биде доволно

3622 Кауно Жалгирис – Паневежис (18.00 часот)

Кауно Жалгирис е првопласиран на табелата во литванската лига со 12 бода повеќе од петтиот Паневежис, кого го пречекува вечерва. Јасно е дека домашните се големи фаворити, иако Паневежис игра солидно во последно време, има само еден пораз во изминатите пет кола. Кауно ги има најефикасниот напад и најцврстата одбрана во лигата, во 16 кола имаат 10 победи и два порази и сето тоа најавува нов нивен триумф. Жалгирис дома не победил против Паневежис уште од 2022 година, нивните последни пет пресметки во Каунас беа со 0-2 гола. Во април на теренот на Паневежис, Жалгирис победи со 2-0.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.07)

 

6277 Франција У19 ж. – Португалија У19 ж. (20.00)

Ова е пресметка од полуфиналето на ЕП за фудбалерки до 19 години кое се одржува во Полска. Французинките беа одлични во лигашкиот дел, на три настапи имаа три победи и гол-разлика 11-1. Португалките имаат две победи над Англија и Холандија, а пораз од Шпанија. И традицијата е на страна на Франција, која во оваа возрасна категорија редовно ја победувала Португалија во мечеви со 3+ голови.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.45)

 

8081 Париз баскет – Монако (20.30 часот)

Овој меч ќе одлучи кој ќе биде кошаркарски шампион на Франција. Станува збор за мајсторка од финалето на плејофот и дуел на две екипи кои настапуваат во Евролигата. Парижаните предводени од натурализираниот Македонец Ти Џеј Шортс водеа со 2-0, но Монако успеа да врзе две тесни победи по ред и израмни на 2-2. Париз е фаворит затоа што убедливо ги доби двата меча дома против Монако во оваа финална серија, а и кај гостите го нема Мајк Џејмс, кој е суспендиран поради недисциплина. Париз дома има серија од 8 меча по ред на кои дава 90 или повеќе поени.

Предлог тип: Т1 >88.50 (1.86)

 

6705 Оукленд сити – Бока јуниорс (21.00 часот)

Тука јасно е кој е кој, а на Аргентинците им треба победа барем од шест гола разлика за да имаат шанса да се пласираат во осминафиналето на Светското клупско првенство. На Бока им треба убедлив триумф над аматерите од Нов Зеланд, но и пораз на Бенфика од Баерн. Оукленд губеше 0-10 од Баерн и 0-6 од Бенфика, во тие рамки некаде треба да биде резултатот и вечерва. Кај Бока ќе го нема Андер Ерера, кој доби црвен картон во првото коло, но од напаѓачите ќе зависи колку голови ќе паднат.

Предлог тип: 7+ (2.45)

 

6747 Бенфика – Баерн (21.00 часот)

Баварците победуваа во првите две кола, постигнаа вкупно 12 гола и имаат обезбедено место во осминафиналето на Светското клупско првенство. На Баерн му е доволен и нерешен резултат за да го освои првото место, а со реми би биле задоволни и Португалците, кои во таков случај би оделе понатаму без да чекаат расплет на другиот меч од групата. Менталитетот на Германците е да не калкулираат, секогаш одат на победа, но мотивите се поголеми кај Бенфика, која со пораз може да биде елиминирана. Баерн никогаш не загубил официјален меч од Бенфика во последните повеќе од 50 години.

Предлог тип: Х2 & 3+ (2.22)

- Оглас -

Најнови вести