На ред е најважниот бокс меч откако започна пандемијата со Коронавирусот

Прославениот МГМ Гранд конференс центарот во Лас Вегас во сабота вечер ќе биде домаќин на најголемиот боксерски настан откако се појави пандемијата со Коронавирусот. Младиот Теофимино Лопес кој имаше фуриозен старт на кариерата и со нокаути ги решаваше противниците, ќе се обиде да ги обедини сите титули во лесна категорија.

Ривал на Лопес ќе му биде актуелниот трикратен шампион Василиј Ломаченко. Лопес стана еден вид на „боксерско чудо“ и тоа благодарение на неговиот разорен удар. За борба против Ломаченко се избори уште минатата година, кога без проблеми го нокаутираше ветеранот Ричар Коми по само две рунди.

 

- Оглас -

Најнови вести