Бокс мечот на трибините беше поинтересен од главната борба во рингот (Видео)

Енди Руиз се врати во рингот со нова победа, беше убедливо подобар од Крис Ареола, а тепачката на трибините меѓу нивните навивачи за момент го засени спектаклот во Карсон, САД.

Руиз кој е поранешен светски првак доминираше во рингот и со едногласна одлука на судиите го победи Ареола, што му е 34-ти триумф во кариерата.

Во меѓувреме тепачка имаше и на трибините меѓу навивачите на двајцата боксери, а се разменија тешки удари.

 

- Оглас -

Најнови вести