Боксер го потпиша најголемиот спортски договор на сите времиња

Мексиканскиот боксер Саул Канело Алварез руши светски рекорди. Откако неодамна го победи рускиот боксер Генадиј Головкин, му пристигна уште поубава вест. Тој е новиот рекордер за најголем спортски договор на сите времиња.

Стриминг платформата ДАЗН му понуди неверојатни 365 милиони долари за пет години соработка. ДАЗН ќе има ексклузивно право да ги пренесува следните 11 борби на Алварез. Со овој договор, мексиканскиот боксер го сруши рекордот на бејзбол играчот Џанкарло Стантон од Њујорк јенки.

Алварез следната борба ќе ја има на 15 декември против Британецот Фелдинг.

- Оглас -

Најнови вести