Боксуваа без ракавици, завршија со крвави раце и лица (Видео)

Американецот Џејсон Најт и Русинот Артем Лобов приредија крвав спектакл во Билокси, во сојузната држава Мисисипи во САД, откако во рамките на шампионатот на БКФЦ се тепаа без заштитни ракавици. Борбите без ракавици беа забранети во САД од 1889 година, но лани од БКФЦ (Bare Knuckle Fight Championship) добија дозвола.

Борците имаа дуел по боксерски правила, но без ракавици, па повеќе личеше на гладијаторска битка.

Победи Русинот, кој е пријател на Конор Мекгрегор, а според фотографиите направени по мечот, двајцата борци беа со крвави раце и сериозни повреди на лицата. Американецот, кој е поранешен ММА борец, беше незадоволен од одлуката на судиите. Во текот на борбата крв прескаше на сите страни, а летаа и заби.

- Оглас -

Најнови вести