Боли ја подготви листата за отстрел, од продажба на десетмина фудбалери планира да заработи 200 милиони фунти

Сопственикот на Челзи, Тод Боли, кој само за половина година од преземањето на клубот, потроши повеќе од 600 милиони евра, налето планира да направи чистка и да продаде најмалку десетмина фудбалери.

Според англиските медиуми, Боли очекува од продажбата на фудбалерите во летниот преоден рок да заработи најмалку 200 милиони евра. На „црната листа“ се ноаѓаат Пјер-Емерик Обамејанг, Баба Рахман, Рубен Лофтус Чик, Едуар Менди, Хаким Зијех, Кристијан Пулишиќ, Маланг Сар, Ромелу Лукаку, Темуе Бакајоко и Мејсон Маунт.

Најзвучни имиња од кои се очекува најмногу пари да се слеат во клупската каса се Ромелу Лукаку и Мејсон Маунт. Челзи за трансферот на Лукаку плати околу 115 милиони евра, а сега планира да го продаде за 30-тина милиони. Ситуацијата со Маунт е поинаква.

Сините сакаат Маунт да остане на „Стемфорд бриџ“, но не можат да најдат заеднички јазик со англискиот фудбалер околу новиот договор. Маунт бара да биде меѓу најплатените фудбалери, но челниците на Челзи не мислам така и одлучија налето да го стават на трансфер-листата со цел да заработат.

Тие очекуваат понуди од 60-тина милиони евра, а како иден клуб на Маунт се споменува Ливерпул, кој е подготвен да ја плати оваа сума.

- Оглас -

Најнови вести