Кошаркарот на Црвена звезда, рускиот центар Џоел Боломбој, изјави дека дерби натпреварот од Евролигата синоќа против Партизам бил полн со емоции, и дека некои од играчите биле шокирани од односот на публиката.
„Тоа е дерби. Мислам дека некои од нас беа малку шокирани. Мали деца ни покажуваа среден прст, плукаа по нас, навивачите фрлаа стаклени шишиња. Беше непријателски до тој степен што ни стана малку лично. Го сфативме тоа лично за да победиме во тој натпревар. Си рековме ајде со победа да им вратиме на тие навивачи кои фрлаа по нас со стаклени шишиња. Ме удрија, да, имаше многу емоции“, изјави Боломбој за телевизијата „Спорт клуб“.
Ни навивачите на Црвена ѕвезда кои беа околу 1.000 на трибините, беа предупредувани да не светат со ласери, а тренерот Жељко Обрадовиќ во финишот ги смируваше фановите на Партизан да не фрлаат предмети на терен.