Болоња го враќа Чиро Имобиле во Серија А

Италијанскиот напаѓач Чиро Имобиле веќе е извесно дека ќе го напушти Бешикташ, и наводно е пред враќање во Италија.

Овој 35-годишен голгетер се согласил на договор од 1+1 година со Болоња. Имобиле дојде во истанбулскиот гигант од Лацио минатото лето за 2 милиони евра, а неговиот договор е за уште една сезона.

Имобиле постигна 19 гола на 41 натпревар за Бешикташ, но на крајот од сезоната беше претежно резерва под водство на тренерот Оле Гунар Солскјер.

Болоња го освои Купот на Италија и има големи амбиции во Лига Европа, па во клубот веруваат дека искусниот Имобиле може многу да им помогне.

- Оглас -

Најнови вести