Болт уште еднаш покажа колку е брз, но не на патеката: За 13 месеци доби три деца

Еден од најдобрите атлетичари на сите времиња, Јусејн Болт, ја потврди својата брзина, но сега не на спринтерските патеки од 100 и 200 метри, туку на друго поле. Само за 13 месеци, Болт стана татко на три деца, што е навистина неверојатно.

Светскиот рекордер на 100 метри првпат стана татко на 17 јуни 2020 година, кога партнерката Каси Бенет ја роди Оливија Лајтенинг Болт. Името на девојчето беше познато дури по два месеци откако се роди. Дека Болт е брз и во правењето деца, потврди и со фотографијата која ја објави на социјалните мрежи, а се пофали дека станал татко и на две близначиња.

Уште не се знае точниот датум на раѓањето на двете деца, но се гледа дека тие се родени пред само неколку дена.

 

- Оглас -

Најнови вести