Бомба експлодира пред стадион, еден навивач тешко повреден заврши во болница

Екипата на Реџина со 1:0 ја победи Венеција, во меч од Серија Б, но дуелот остана во сенка на тоа што го направија навивачите. Пред почеток на мечот, но и за време на дуелот, на трибините беа користени пиротехнички средства.

Според италијанските медиуми, пред стадионот се случила експлозија од картонска бомба, а истрагата уште трае. Во користењето на пиротехничките средства настрада еден навивач, на кого во раката му експлодирала една опасна направа.

Од експлозијата, навивачот се здобил со тешки повреди на раката, па бил хоспитализиран, а во болницата морало да му ампутираат дел од раката.

Во Италија е забрането користење на приротехнички средства, а овојпат фановите користеле факели, топовски удари, петарди… Реџина е позната како клуб кој има фанатични навивачи и на секој меч во голем број го бодрат својот тим.

- Оглас -

Најнови вести