Бомба на Италијанците, Чиро Имобиле од Лацио се сели во Наполи?

Според она што го објави весникот „Ил Матино“, Лацио и Наполи размислуваат за размена на напаѓачи претстојново лето.

Со доаѓањето на клупата на тренерот Игор Тудор, Лацио размислува да направи некои промени во текот на летото, а по не баш успешната сезона на Чиро Имобиле, кој се замери со навивачите, голгетерот веќе го селат од Рим.

Лацио размислува да го понуди Имобиле во Наполи како дел од договорот со кој Џовани Симеоне од Наполи би преминал во Лацио. Аргентинскиот напаѓач сака да игра повеќе отколку сега, во Наполи е ставен во втор план и Орлите од Рим му нудат поголема минутажа.

Поради возраста, помладиот Симеоне вреди повеќе од Имобиле, но Чиро може да биде гаранција за повеќе голови и би им се нашол во тимот, особено ако си замине првиот стрелец Виктор Осимен.

- Оглас -

Најнови вести