Бомба на „Сан“, Гвардиола ќе биде тренер на Јувентус!

Јувентус ќе направи сè што е потребно за да го убеди Пеп Гвардиола да го преземе тимот ова лето, тврди британскиот таблоид „Сан”.
Се појавија информации дека раководството на Бјанконерите смета дека ангажирањето на Маурицио Сари било грешка и во клубот од Торино не се задоволни од резултатите во Серија А.

За Пеп исто така се шпекулира дека крајот на престојот во Манчестер сити му е блиску бидејќи тимот ја загуби битката за титулата во Англија и ако Граѓаните испаднат од Реал Мадрид во осминафиналето на ЛШ, ќе биде чудо ако Шпанецот остане во клубот. Претседателот на Јуве, Андреа Ањели, смета дека Гвардиола е перфектниот човек за тренер на неговиот тим и тренер кој може да им донесе трофеј во ЛШ, нешто што го чекаат од 1996 година.

- Оглас -

Најнови вести