25.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

„Бомба“ од Германија, Лајпциг може да бара преигрување на мечот со Баерн!

Лајпциг беше катастрофално поразен од Баерн Минхен со 0-6 во петокот на отворањето на сезоната во Бундеслигата, но судиите направија грешка поништувајќи гол со кој Црвените бикови ќе намалеа на 1-4.

Сега експерти тврдат дека Лајпциг може да поднесе протест поради прекршувањето на ВАР протоколот од страна на судискиот тим и дури и да бара преигрување на мечот.

Дури по жестоките протести (вклучувајќи го и жолтиот картон на Џошуа Кимих поради приговор) голот на Антонио Нуса беше поништен во 64-тата минута, речиси пет минути откако беше постигнат.

Проблемот е што судиите во ВАР собата ги пречекорија своите овластувања и го прекршија протоколот, со оглед на тоа што Нуса не постигна гол директно од додавањето на Лукеба, туку топката претходно ја допре дефанзивецот на Баерн, Џонатан Та.

Имаше слободен удар за Лајпциг, а Кастело Лукеба ја допре топката неколку пати. Судијата Флоријан Бадштубнер и неговиот тим на теренот првично не го забележаа тоа.

Судискиот експерт Мануел Грефе, шпекулира дека помошникот не забележал дека топката не мирува, туку дека ВАР судијата Келн видел и сигурно интервенирал. Но бидејќи на Келн не му е дозволено да интервенира во ваква ситуација, тие малку ги заобиколиле правилата и направиле нешто нелегално.

Алекс Фојерхердт кој раководител на комуникации и односи со медиумите во германската фудбалска федерација, објасни дека ниту еден од судиите на теренот не забележал дека Лукеба наместо правилно да го изведе слободниот удар, едноставно ја дриблал топката, но проверката на начинот на кој беше изведен слободниот удар не е дел од должностите на ВАР.

Поради силните протести на Баерн, судијата сепак се чувствуваше должен да се распраша во ВАР за ова. ВАР потоа одлучи да направи исклучок и голот беше поништен.

Под одредени околности, спортскиот суд треба да одлучи дали има основа натпреварот можеби да се преигра, а судискиот тим и Лукеба сигурно ќе ја научат лекцијата.

 

- Оглас -

Најнови вести