-1.2 C
Skopje
вторник, 24 февруари 2026

Бомба од Мадрид: Гризман го напушта клубот !

Голгетерот на Атлетико Мадрид Антоан Гризман е многу блиску до заминување од клубот. Неговата следна станица треба да биде САД, односно тимот на Орландо. Челниците на клубот од МЛС шампионатот се многу блиску до договор со искусниот француски напаѓач. Се очекува Гризман во наредните неколку дена да го напушти Мадрид и да се приклучи на својот нов клуб.

Поголемиот дел од кариерата Гризман ја помина во дресот на Атлетико Мадрид и е вистинска икона на клубот. Меѓу Јорганџиите дојде во 2014 година и помина пет години, пред да направи трансфер во Барселона. Во каталонскиот гигант не се снајде најдобро, па по две сезони поминати на „Камп ноу“, повторно се врати во Атлетико, каде игра и сега.

Вкупно во дресот на Атлетико, Гризман има одиграно 480 натпревари, а неговиот биланс е 210 голови и 95 асистенции. Сепак, многу веројатно е дека ерата на овој фудбалер во Атлетико дојде до крајот.

Освен во Атлетико и Барселона, Гризман во Шпанија има играно и за тимот на Реал Сосиедад и тоа дури 202 меча. Како член на француската репрезентација може да се пофали дека бил светски првак во 2018 година. Вкупно, за Галските петли има одиграно 137 меча, а постигнал 44 голови.

- Оглас -

Најнови вести