Бомба од Шпанија: Барса ја сака клупската легенда за иден тренер

Елиминацијата од Атлетико Мадрид во полуфиналето од шпанскиот Суперкуп му нанесе притисок на тренерот Ернесто Валверде. Предводникот на Барселона не е сигурен за своето работно место, а сè почести се најавите дека ова ќе му биде последна сезона на кормилото на шпанскиот првак. Има шпекулации дека тој може да биде разрешен уште в понеделник.

Како и по обичај, кога е таква ситуацијата нормално е да кружат шпекулации околу тоа кој би бил новиот тренер на Барселона. Се споменуваат имиња како Роналд Куман, Ерик Тен Хаг, меѓутоа еден има предност пред овие двајца. Тоа е клупската легенда Чави, кој моментално тренерскиот занает го изучува во Катар во таборот на Ал-Сад.

Наводно, оперативците на Барселона Ерик Абидал и Оскар Грау денес имале состанок со легендардниот играч за врска и поранешен капитен на Каталонците, а понудата е да застане на тренерското столче по крајот на оваа сезона.

Чави инаку е еден од најтрофејните фудбалери на актулениот шампион, а „Камп ноу“ го напушти по сезоната 2014/15, кога Барселона ја освои тројната круна.

Барса уште од 2003 година нема избркано тренер. Последен стручњак на кој му бил раскинат договорот беше Луј Ван Гал.

- Оглас -

Најнови вести