Бернардо Силва во 2017 година пристигна во Манчестер сити за 50 милиони евра од Монако и прерасна во еден од клучните фудбалери на „граѓаните“, кој играше голема улога во сите успеси на клубот.
Сепак, неговиот договор истекува налето и тој нема да биде продолжен, па фудбалерот е и тоа како интересен на трансфер-пазарот, со оглед дека може да биде ангажиран бесплатно.
Од Турција пристигнуваат бомбастични најави дека Галатасарај веќе започнала преговори со неговиот менаџерски тим и веќе се распрашувале за неговите спортски и финансиски барања. Проблем може да претставува големата плата на Португалецот, бидејќи важе за еден од најскапите фудбалери во редовите на Манчестер сити, но и фактот дека интерес за Бернанрдо Силва постои и од Барселона, од каде гледаат одлична прилика да добијат фудбалер од светската класа и тоа бесплатно.
Доколку дојде до реализација на овој трансфер, тоа секако ќе биде јасна порака од Галатасарај дека амбициите на великанот од Истанбул се големи и планот на раководството е да се вмешаат во европскиот фудбалски крем.

