Откако Јувентус му најави на искусниот дефанзивец Леонардо Бонучи дека не го планира за следната сезона, на адреса на Лео почнаа да пристигнуваат понуди, најмногу од клубови од Саудиска Арабија, но тој не е заинтересиран за преселба надвор од Италија.
На Бонучи најинтересна му била идејата да се пресели во римски Лацио, каде што тренер е Маурицио Сари. Бонучи играше за Сари во Јуве во сезоната 2019, па дефанзивецот ги знае методите и тактиката на Сари.
Лацио е клубот против кој Бонучи првпат во кариерата даде два гола на еден меч. И лацијалите кои ќе играат во Лигата на шампионите, немаат против да ја стегнат одбраната со Бонучи.