30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Бонучи ќе го тужи тимот за којшто играше повеќе од една деценија

Леонардо Бонучи одлучи да поднесе тужба против тимот за којшто играше повеќе од една деценија откако беше исфрлен од екипата.

Тренерот Масимилијано Алегри одлучи да не смета на Бонучи за новата сезона и не му дозволи да тренира со првиот тим, по што дефанзивецот во последниот ден од преодниот рок потпиша за Унион Берлин.

Сега Бонучи поднесе тужба бидејќи смета дека Јувентус со одлуката неколку недели да го држи надвор од првиот тим, го оштетил и поради тоа смета дека е прекршен колективниот договор кој екипите од Серија А пред неколку години го потпишаа со Унијата на фудбалери во Италија.

Бонучи тренирал само во вечерните часови во тренинг-кампот и тоа во различен термин од првиот тим, згора на тоа не му било овозможено да има пристап до сите помагала со коишто располага тимот.

Поради тоа неговите адвокати деновиве ќе поднесат тужба, а фудбалерот најави дека ако го добие спорот, парите ќе ги донира во хуманитарни цели.

- Оглас -

Најнови вести