Бонучи: Мојот трансфер во Милан не беше бескорисен

Одбранбениот фудбалер на Јувентус, Леонардо Бонучи, вели дека неговиот престој во Милано како играч на Милан, не бил бескорисен, иако тоа после само една сезона кај Росонерите, „ја сфати грешката“ и се врати во редовите на Старата дама. Таа сезона како играч на Милан, му помогнала на Лео да созрее како човек и да сфати дека сепак припаѓа во Јуве.

Бонучи во 2017 година реши да направи изненадувачки трансфер од Јувентус во Милан, но таму остана само една сезона.

„Тоа беше тешка сезона за мене, како на личен план, така и професионално. Имавме некои недоразбирања во тимот, особено после поразот од Лигата на шампионите. Направив лоша одлука со заминувањето во Милан, но мора да кажам дека таа сезона имаше големо влијание во мојата кариера. Созреав како маж, и сфатив дека Јувентус е мојата природна средина, таму сум како меѓу своја фамилија. Во Милан се спријателив со некои луѓе, во прв ред со Џенаро Гатузо, па иако ми беше тешка, не беше бескорисна годината“ – изјави Бонучи.

 

- Оглас -

Најнови вести