Вечерва ќе ги добиеме финалистите во Лигата на Европа и во Конференциската лига, а математиките покажуваат дека има 99 проценти шанси во сите три европски купови кои ги организира УЕФА во машка конкуренција да има финалисти од Англија.
Премиер лигата има гарантирани финалисти во Лигата на шампионите (Арсенал) и во Лигата на Европа (Астон вила или Нотингам форест), а останува уште Кристал палас да ја доврши работата во Конференциската лига откако во првиот дуел од полуфиналето како гостин го победи Шахтар со 3-1.
Иако речиси сигурно Англија ќе има три финалисти во трите натпреварувања, има само 19 проценти шанси сите три купа да бидат освоени од англиските клубови. Се чини дека најтешка работа ќе има Арсенал.
Инаку вечерва продолжува битката на Шпанија и Германија за петти клуб во ЛШ за следната сезона. По поразот на Баерн, сега надежта на Германците е во Фрајбург, кој игра со Брага.
Пресметките се јасни: ако Фрајбург не влезе во финалето на Лигата на Европа, Шпанија ќе ја добие трката и ќе има петти тим во ЛШ. Но, ако Фрајбург влезе во финалето, а Рајо не биде финалист во Конференциската лига, тогаш Германија добива петти претставник.

