Вардарци се спремаат за славење, но и битолчани си имаат свои планови и амбиции

Нема поубав начин да се прослави титулата за Вардар 1961 со победа над вечниот ривал Еурофарм Пелистер. Ова е сценариото кое го посакуваат Црвено-црните за вечерашниот дуел со битолчани, кои ќе го предадат тронот на којшто беа три години, иако на вардарци нема да им пречи и мечот да заврши нерешено.

На најтрофејниот македонски клуб му треба само еден бод во последните четири кола за да ја освои титулата, но идеално би било тоа да го направат во полна сала против Е. Пелистер.

Гордоста на битолчани нема да им дозволи лесно да се предадат, иако Вардар е фаворит. Сега целта на Е. Пелистер да го освои барем второто место и да игра во Европската лига следната сезона. Ако загубат од Вардар, задутре битолчани ќе треба да навиваат за Вардар кога ќе гостува кај ГРК Охрид.

- Оглас -

Најнови вести