Бонучи со брутален старт повреди фудбалерка и тоа на меч од хуманитарен карактер (Видео)

На „Олд Трафорд“ беше одигран меч од хуманитарен карактер на којшто учествуваа голем број поранешни фудбалери, фудбалерки, но и естрадни личности. Од едната страна беше селекцијата на Англија, а на другата страна беше Остатокот од светот.

Вејн Руни, Гери Невил, Џек Вилшер и Мајкл Карик беа само дел од англиските репрезентативци кои играа, додека на спротивната страна играа Немања Видиќ, Леонардо Бонучи, Давид Трезеге, Едвин ван дер Сар, Хари Кјуел…

Покрај ревијата на голови на двете страни, мечот го одбележа и бруталниот старт на Бонучи пред крајот на мечот. При резултат 4:4, се играше 81-вата минута кога Англија беше во напад, и тоа по крилната позиција, каде што беше некогашната репрезентативка Стефани Хаџтон.

Бонучи, како да се игра финале на Светско првенство, стартуваше со лизгачки старт и ја освои топката, но успеа и да ја повреди фудбалерката.

Некогашниот италијански репрезентативец веднаш продолжи во напад, а дури откако сфати дека некогашната англиска репрезентативка е повредена и дека мора да го напушти теренот, реши да се извини. Едноставно, на меч од хуманитарен карактер вакви стартови се непотребни.

На крајот, мечот може да се прогласи како успешен бидејќи биле собрани 18 милиони евра за организацијата УНИФЕЦ.

- Оглас -

Најнови вести