Бонучи „удри“ по Роналдо: Игравме само за него, сега сме подобар тим

Кристијано Роналдо важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата на овој спорт, но не сите негови соиграчи имаат позитивно мислење за него.

Роналдо во изминатите неколку години го носеше дресот на Јувентус, каде што настапуваше и Леонардо Бонучи, кој смета дека Старата дама играла послабо кога бил Роналдо на теренот.

„Кога Роналдо беше на теренот, ние игравме само за него и Јувентус го изгуби ‘духот’ што го красеше од претходно.

Сега го нема и играме подобро, иако резултатите на почетокот на сезоната не го говорат тоа, сепак јас сметам дека можеме да ја освоиме титулата во Италија и да одиграме уште подобро во Лигата на шампионите“, изјави Бонучи.

Во дресот на Јуве, Роналдо играше три сезони и на 98 натпревари успеа да постигне 81 погодок, а како што е добро познато, тој летово се врати во Манчестер јунајтед.

 

- Оглас -

Најнови вести