31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Борац Бања Лука заработи 7,2 милиони евра за настапите во Конференциската лига

Фудбалскиот клуб Борац од Бања Лука имаше историска сезона во Конференциската лига, стигна до осминафиналето на ова натпреварување и заработи 7,2 милиони евра за успешните настапи.

Борац, кој е шампион на Босна и Херцеговина, испадна од Рапид Виена, но може да бидат задоволни што осум месеци играа во Европа, поминаа по едно коло во квалификациите за Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а потоа стигнаа подалеку од очекувањата во третото по квалитет натпреварување.

Членови на Борац се Македонците Дамјан Шишковски и Бобан Николов.

- Оглас -

Најнови вести