Манчестер јунајтед доживеа уште еден шок на „Олд Трафорд“ откако загуби од Борнмут пред своите гледачи со 0-3. Хујсен во 29-та минута донесе водство за гостите, а Џастин Клајверт зголеми на 0-2 во 61-та минута.
Третиот гол го постигна Антоан Семењо само две минути подоцна, а по ова голем број од фановите ги напуштија трибините на стадионот.
Челзи одигра 0-0 на гости против Евертон, а немаше голови и на дуелот меѓу Фулам и Саутемптон.
Вулверхемптон славеше важна победа (0-3) на гостувањето кај Лестер со новиот менаџер Витор Переира.