Борнмут со три гола во првото полувреме го порази очајниот Саутхемптон

Борнмут стигна до втората победа во Премиер лигата оваа сезона откако на домашен терен го победи Саутхемптон со 3-1. Трите гола домашните фудбалери ги постигнаа во првото полувреме, а одбраната на Саутхемптон и понатаму делува очајно во елитата.

Еванилсон донесе водство, а Оутара во 32-рата минута зголеми на 2-0. До крајот на првиот дел погоди и Семенјо за убедливи 3-0.

Саутхемптон намали во 51-вата минута преку Харвуд-Белис, но тоа беше сѐ што направија гостите на овој меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести