Германскиот гигант Борусија Дортмунд е најгледаниот тим на домашен терен за минатата сезона, покажуваат бројките кои ги соопштија од Европската куќа на фудбалот (УЕФА). Според податоците, на крајот од сезоната 2023/24 Борусија Дортмунд на свој терен ја следеле неверојатни 1.951.745 гледачи.
Второто место на оваа листа е за Милан, кој на „Сан Сиро“ во минатата сезона собрал дури 1.860.964 посетители. На третото место е Манчестер јунајтед со 1.834.291 гледачи за мечевите кои ги одигра на „Олд Трафорд“.
Вкупно 16 клуба од Европа ја надминале границата од еден милион посетители на средбите одиграни на свој терен. Најголема просечна посетеност има Борусија Дортмунд од 81.305 гледачи, додека ако се гледаат само средбите во домашното првенство, најгледан е Манчестер јунајтед со посетеност од 1.397.148 гледачи.