Борусија Дортмунд го „потпи“ Волфсбург и на голема сцена го претстави новиот светски бисер (ВИДЕО)

Екипата на Борусија Дортмунд оствари лесна и убедлива победа над Волфсбург од 6:1 во рамките на 30-то коло од германската Бундеслига.

Но, тоа што падна во очи е новиот светски фудбалски бисер кој што доаѓа од овој тим, а станува збор за Том Роте кој што со голот во 24-та минута, со кој ја отвори денешната гоеада, стана најмладиот дебитант во историјата на Бундеслигата (17 години, 169 денови) кој што постигнал гол.

Сето тоа беше само најава за гоеадата која што следуваше, а стрелци беа: Аксел Витсел (26′), Мануел Аканжи (28′), Емре Џан (35′), како и неизбежниот Ерлинг Халанд кој што погоди во 38-та и 54-та минута.

Конечниот исход го постави Ридл Баку во 84-та минута.

Со оваа победа, тимот од Дортмунд сега има 63 бода, шест помалку од лидерот Баерн Минхен кој својот меч треба да го одигра утре.

БУНДЕСЛИГА

Аугсбург – Херта 0:1

Борусија Дортмунд – Волфсбург 6:0

Фрајбург – Бохум 3:0

Мајнц – Штутгарт 0:0

- Оглас -

Најнови вести