Раководството на Борусија Дортмунд му искажа доверба на тренерот Нури Шахин и покрај нестабилните резултати на тимот оваа сезона.
„Нема да отвориме дискусија за тренерот“, изјави спортскиот директор Ларс Рикен по поразот со 2-4 од Холштајн Кил.
Сепак, поранешниот фудбалер и аналитичар на „Скај“, Дитмар Хаман, верува дека Шахин нема да остане долго во клубот со оглед на разочарувачката сезона.
Според Хаман, наредниот натпревар на гости против Ајнтрахт Франкфурт ќе биде од клучно значење за Шахин да ја задржи својата работа. Борусија Дортмунд досега има само една победа на осум гостувања оваа сезона.
„Борусија Дортмунд не е училиште за тренери. Ако сакате да учите, треба да одите во Втора или во Трета лига“, изјави Хаман.
Нури Шахин, поранешен играч на Борусија Дортмунд, го замени Един Терзиќ на почетокот од сезоната. Ова е негово прво искуство како главен тренер на професионален фудбалски тим.