13.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Борусија Дортмунд немаше проблеми во Купот на Германија

Борусија Дортмунд доминантно се пласира во следната рунда од Купот на Германија откако го победи нисколигашот Феникс Либек со 1-4. Милионетите поведоа уште во третата минута со голот на Валдемар Антон, а до крајот на првиот дел погодија и Емре Џан од пенал и Џулијан Брант.

Во вториот дел, домаќинот постигна гол преку Илока, а конечниот резултат го постави младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Жулиен Дуранвил.

Лајпциг претходно исто така славеше со 1-4 против Есен, а Елиф Елмас поради повреда не беше во составот.

Арминија Билефелд со 2-0 го елиминира Хановер, а Холштајн Кил на гости славеше против Алеманија Ахен со 2-3.

- Оглас -

Најнови вести