Борусија Дортмунд прв пат во 2023 година не победи во Германија и тоа на теренот кај клубот кој им е ривал речиси 100 години

Речиси 100 години трае ривалството на локалните ривали Шалке 04 и Борусија Дортмиунд кои го играат Рурското дерби. Во 160-тото дерби одиграно во Гелзенкирхен, по многу возбудувања, на крајот дуелот заврши 2:2.

Борусија Дортмунд водеше на полувреме, но на почетокот на вториот дел, Шалке израмни. Гостите повторно се израдуваа на предност од 1:2, но Шалке не се предаде и со погодок во 79 минута стигна до 2:2, што на крајот се покажа како конечен резултат.

За Шалке ова е голем успех ако се знае дека тимот беше последен на табелата, а со овој освоен бод, успеа да го прескокне Хофенхајм. Борусија Дортмунд имаше девет победи по ред во Бундеслигата и Купот на Германија, но кога се игра на теренот на вечниот ривал, јасно е дека тешко може да се стигне до триумф.

 

- Оглас -

Најнови вести