Борусија го преслуша и Шалке во Гелзенкирхен

Борусија Дортмунд не попушта во темпото во германската Бундес лига, па „милионерите“ победнички поминаа и во Гелзенкирхен во дербито против Шалке. Дуелот на рурските ривали беше во знакот на гостите, кои на крајот си заминаа со три бода и потврдија зошто се лидери на табелата.

Уште во седмата минута Борусија поведе со голот на Томас Деланеј, што беше доволно за водство на полувремето. Шалке се врати во игра благодарение на погодокот на Калигури од пенал во 61 минута, но радоста на домаќините кратко траеше. Санчо е херојот на гостите погодувајќи во 74 минута за 2:1, што и се покажа како конечен резултат, доволен за три бода на Борусија на „жешкиот“ терен во Гелзенкирхен.

Баерн Минхен лесно го победи Нирнберг на „Алијанц Арена“. Роберт Левандовски даде два погодоци во првото полувреме, а победата на домаќините на потврди Франк Рибери со погодокот во 56 минута.

Резултати: Баер Л. – Аугсбург 1:0, Баерн Минхен – Нирнберг 3:0, Фрајбург – Лајпциг 3:0, Шалке – Борусија Д. 1:2, Волфсбург – Хофенхајм 2:2.  Од 18:30 часот играат Херта и Ајнтрахт.

 

- Оглас -

Најнови вести