16.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Борусија го разбуди ѕверот во Реал, Перин одбрани пенал ама не го спаси Јуве од пораз

Некогашниот младинец на Борусија Дортмунд, Антонио Ридигер, со голот во 60-та минута ја имаше иницијалната каписла која го лансираше Реал Мадрид до победата од 5-2 над Дортмунд, по негативата од 0-2, во најинтересниот вечерашен меч во Лигата на шампионите.

Реал не дозволи првпат во историјата да има два порази по првите три кола и покажа дека кога сака, знае да биде многу опасен и ефикасен. Винисиус постигна три гола, а погоди и Лукас Васкес кој го даде голот за водство од 3-2.

Интересно беше и во финишот во Торино каде Јувентус кој победуваше во прфвите две кола, вечерва против Штутгарт во 84-та минута остана без Данило кој беше исклучен и направи пенал. Но, голманот Перин го одбрани ударот од 11 метри. Сепак, во судиското продолжение гостите дадоа гол за победа.

Бојан Миовски одигра 70-тина минути за Жирона која со 2-0 го победи Слован Братислава и тоа е историски прв триумф за малиот каталонски клуб во ЛШ.

Лидер на табелата во ЛШ е Астон Вила која е единствена со 9 бодови. Англискиот тим велерва ја победи Болоња со 2-0 и уште нема примено гол.

- Оглас -

Најнови вести