Борусија М. остана без тренер, откако екипата заврши далеку од посакуваното во Бундеслигата

Борусија Менхенгладбах се раздели од тренерот Даниел Фарке, официјално потврдија од германскиот бундеслигаш. Тимот кој заврши на десетото место во германското првенство реши да му се заблагодари на тренерот кој помина само една сезона на клупата, иако имаше договор до 2025 година.

„По неколку интензивни разговори со Данел Фарке стигнавме до заклучок дека треба да тргнеме по различни патишта“, изјави спортскиот директор на Борусија Менхенгладбах, Роналд Виркус.

Меѓу фаворитите кои може да седнат на испразнатото тренерско место во Борусија се споменуваат некогашниот тренер на Баер Леверкузен, Херардо Сеоане и тренерот на У23 тимот на Борусија, Еуген Полански.

Борусија Менхенгладбах е петкратен шампион на Германија, два пати го има освоено Купот на УЕФА, а во Лигата на шампиони последен пат играше во 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести