Борусија нема да го даде врвот, голови ќе има во Франција

1701 Стразбур – Лион (21 ч.)

Гаранција за голови има кога играат овие два клуба. На осум од последните девет меѓусебни дуели завршиле со гол-гол комбинација, а седум пати било барем со три гола.

Освен што традицијата најавува ефикасен дуел, тоа го покажуваат и резултатите од оваа сезона на двата тима.

Предлог тип: ГГ3+ (2.09)

 

3002 Специја – Монца (20: 45 ч.)

Многу важен меч за домаќините кои се борат за опстанок. Специја е на 17-тото место, последно кое носи спас во Серија А. Монца е многу посигурна на средината на табелата и без многу притисок, а во есенскиот дел од сезоната победи со 2:0 против Специја.

Специја во последните 13 кола има само една победа и многу често играат дуели со малку голови. Вечерва мора да освојат еден бод ако сакаат да бида тпоблиску до целта, а тоа е спас.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.45)

 

1801 Бохум – Борусија Д. (20:30 ч.)

По 29 кола, Борусија Дортмунд е лидер во Бундеслигата и ова е нешто што Милионерите го чекаат речиси 10 години. Шансата за титулата е тука, само треба да ја искористат.

Бохум е во сосема поинаква ситуација и се бори за опстанок. На домашен терен Бохум сезонава има шест победи, само едно реми и дури седум порази. Сезонава, Борусија веќе има две победи над Бохум, една во првенството (3:0 дома) и една во Купот (2:1 на гости).

Предлог тип: 2&3+ (1.86)

 

1301 Осасуна – Реал Сосиедад (21 ч.)

Двата тима имаа свои мотиви за победа. Осасуна е во борба за шестото место на табелата, кое води излез во Европа, додека Сосиедад е на четвртото место и влогот е пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.

На осум од последните девет средби на овие два тима, максимум имало два гола, што значи дека се очекува неизвесена борба и еден момент да биде клучен.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.91)

 

1014 Блекпул – Милвол (21 ч.)

Со две победи во последните три кола, Блекпул покажа дека има сили да се спаси од испаѓање. Милвол брка позиција која ќе ги одведе во плејофот и борбата за пласман во Премиер лигата, па ова едноставно може да биде дуел без многу калкулации.

Блекпул ја има најслабата одбрана во лигата, а Милвол е тим кој постигнува, но и прима многу голови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.04)

 

- Оглас -

Најнови вести