Фантастичен фудбал после првите 45 минути на „Вембли“ во финалето од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид, но за голема жал на гледачи, без погодоци после првото полувреме.
Статистички Реал Мадрид имаше повеќе од поседот, но Борусија Дортмунд беше поконкретна, а Фулкруг во 23-тата минута можеше и да го шокира Реал Мадрид, откако се најде очи во очи со Куртоа, го совлада, но стативата беше сојузник на „кралевите“.
Фудбалерите на Борусија Дортмунд беа многу опасни преку брзите против напади и сериозно го загрозуваа голот на Реал Мадрид, но не успеаваа да го пронајдат патот до мрежата на Куртоа. „Милионерите“ упатија вкупно осум удари кон голот на Реал Мадрид, а два од нив одеа во рамките, па Куртоа мораше да интервенира. За разлика од нив, „кралскиот“ клуб шутна само двапати, но Кобел остана без работа. Борусија изведе пет корнери, а Реал само еден.