Борусија требаше да си го задржи Кореецот Ји

Кореецот Донг Вон Ји, со два гола од кои вториот мајсторски, беше јунакот кој му донесе голема победа на Аугзбург од 2-1 против Борусија Дортмунд, и му направи услуга на Баерн Минхен кој ако го добие дербито против Борусија Менхенгладбах, ќе се изедначи со тимот од Дортмунд на врвот на табелата во германското првенство.

Ји пред неколку години беше во вториот тим на Борусија, но не успеа да обезбеди место во првата екипа. Затоа тој е посебно мотивиран кога игра против „милионерите“ и во кариерата има четири гола против „жолто-црните“ од Дортмунд. Против ниту еден друг тим нема дадено четири голови.

Почесниот гол за Борусија го даде Пако Алкасер, негов прв во 2019 година. Шпанецот имаше пост од 314 минути без постигнат гол.

За Борусија, ова е само втор пораз сезонава, а Аугзбург има пет бода плус во однос на зоната на испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести