Босанците триумфално маршираа низ Белфаст

Со головите на Харис Дуљевиќ и Елвис Сариќ, националниот тим на Босна и Херцеговина, славеше со 2:1 на гостувањето кај Северна Ирска во Белфаст, во рамките на групата 3 од Лигата Б, во Лигата на нации. Во група со БиХ и С. Ирска е и Австрија.

Победата на избраниците на селекторот Роберт Просинечки, ја најави Дуљевиќ кој добро се снајде во противничкиот петерец после центаршутот на Един Џеко, кој запиша асистенција. Домашните се обидуваа да изедначат, но во 65. минута Сариќ ја искористи големата грешка на одбраната и голманот на Северна Ирска, и зголеми на 2-0, со што го реши победникот, бидејќи кај домашните спласнаа мотивите.

Ирците напаѓаа, но јалово, и џабе им беше што упатија над 20 шута, кога дадоа само еден гол и тоа во судиското продолжение преку резервата Григ, а гостите од три шута во рамките на голот, двапати ја затресоа мрежата.
Мајкл О`Нил имаше неуспешно деби како селектор на Северна Ирска.

Оваа репрезентација испадна во баражот за Светското првенство, и сега се надева дека болката ќе ја покрие со пласман на Европското првенство 2020, но очигледно нема да им биде лесен патот дотаму.

- Оглас -

Најнови вести