Бостон го растури шампионот на НБА

Бостон селтикс поведе со 1:0 во полуфиналето на Источната конференција откако вечерва со 112:94 го победи Торонто. Ова беше дуел на најтрофејниот НБА-клуб против Торонто, кој е актуелен бранител на тронот.

Торонто немаше никакви шанси на овој меч. Бостон водеше од почеток до крај. Уште по првата четвртина, Рептилите заостануваа со 16 разлика (22:39), а на полувремето Бостон имаше плус 17. Во второто полувреме, разликата во ниту еден момент не падна под 12 и Бостон без поголеми проблеми славеше за водство од 1:0.

Маркус Смарт и Џејсон Татум со по 21 поен беа предводници на победничкиот тим, додека Кајл Ловри беше најпрецизен кај Торонто со 17 поени.

- Оглас -

Најнови вести