Бостон направи брејк и дојде само на една победа од освојувањето на 18-тата титула (Видео)

Освојувањето на титулата за Лука Дончиќ и Далас станува невозможна мисија, со оглед на тоа дека загубија на домашен терен од Бостон со 99-106 и веќе имаат негатива од 0-3 во финалната серија на НБА-лигата. Никој во историјата на НБА не успеал да се врати од негатива од 0-3, а тоа се случило 156-пати досега.

Бостон на почетокот од четвртиот период со серија од 20-5 дојде до убедливи 91-70, но Далас не се откажуваше, па возврати со серија од 22-22 на 100 секунди до крајот и дојде само на еден негатива. Сепак, пеколниот финиш на Бостон ја донесе победата.

Проблем за Далас беа и шесте лични грешки на Лука Дончиќ на 4,5 минути до крајот на мечот, па сè потешко беше да се вратат во мечот. Бостон првата меч-топка за освојување на титулата ќе ја има веќе во петок, кога повторно гостува во Тексас.

- Оглас -

Најнови вести