Вечерва ќе се одиграат два натпревари од првата рунда од плејофот во НБА-лигата, по еден на Истокот и на Западот.
Бостон селтикс има одлична шанса да слави пред своите гледачи во „ТиДи гарден“ против Мајами и да се реваншира за ланската елиминација во финалето на Источната конференција.
Бостон води со 3-1 во победи против Мајами, и за очекување е да му се случи ланското сценарио кога исто така имаше водство од 3-1 во победи, но потоа ги загуби следните три меча и Мајами обезбеди пласман во големото НБА-финале.
Квотата за триумф на Бостон изнесува 1.11, додека квотата за триумф на Мајами кој ќе игра својот најдобар кошаркар, Џими Батлер, изнесува 6.50.
Во Западната конференција, серијата меѓу ЛА клиперс и Далас маверикс е израмнета, 2-2 во победи и вечерва еден тим ќе дојде на чекор до пласман во полуфиналето каде ги чека Оклахома сити тандерс.
И двата тима имаат проблеми со своите најдобри играчи. Првата ѕвезда кај Клиперси, Каваи Ленард, сигурно нема да игра поради повреда на коленото, додека Лука Дончиќ се уште не е 100 отсто подготвен за настап, а кога тој не може да го даде максимумот тогаш Далас има проблеми. Тоа најдобро се виде на претходниот меч кој Клиперси го добија со 116:111, иако во втората четвртина имаа предност од 31 поен. Но, во финишот, кога се кршеше резултатот, Дончиќ не можеше да им помогне на своите соиграчи и Клиперси славеа и ја измранија серијата на 2-2 во победи.
Во понудата на Sport Life има одлична понуда за „плус-минус“ ефектот на кошаркарите. Огромен е бројот на играчи кои може да ги одиграте за бројот на постигнати поени, скокови, асистенции, но и комбинираната игра на збирен број на поени-скока-асистенции.