Бостон тргнува кон првата титула после 16 години, од Дончиќ се бараат многу поени, скокови и асистенции (Фото)

Со натпреварот Бостон селтикс – Мајами хит кој почнува во 19 часот по македонско време, стартува вечерашната програма во НБА плејофот со четири интересни први натпревари од првото коло.

Селтикс имаше најдобар скор во регуларната сезона, и ако ги добие сите мечеви дома во текот на плејофот, ќе ја освои својата 18-та шампионска титула. Но, славниот клуб од Бостон во последните 37 сезони има освоено само еден шампионски прстен, и тоа во 2008 година, 16 години чекаат на трофејот.

Клиперс во Лос Анџелес го пречекува Далас маверикс, а тука гостите предводени од Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг се благи фаворити за победа, иако Клиперс беше четврти, додека Маверикс петти на Западот во регуларната сезона.

Фаворитската улога од гостите ја има и Индијана, која има златна шанса да победи во Милвоки, со оглед на најавите дека кај Бакс ќе го нема Јанис Адетокумбо. Гркот е повреден и веројатно нема да игра, а Индијана е тим против кој сезонава имаше просек од над 40 поени по меч.

Оклалхома сити е фаворит против Њу Орлеанс, но Тандер дома не победил против Пеликанс уште од декември 2021.

Освен на стандардните игри поврзани со мечевите, во Sport Life може да се обложите и на многумина индивидуалци, и тоа број на поени, скокови, асистенции, и микс од трите статистички категории. Најмногу се бара од Дончиќ, границата е на дури 52,5 вкупно поени, скокови и асистенции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести