Ботас и Мерцедес ја продолжија соработката

Валтери Ботас официјално ја продолжи соработката со Формула 1 тимот на Мерцедес петронас на уште една година. Финецот и во шампионатот 2020 ќе му биде колега на актуелниот светски првак Луис Хамилтон, со кого веќе соработува две и пол години.

Ботас пристигна во Мерцедес во 2017 година и одигра голема улога во освојувањето на двете последователни титули меѓу механичарите.

Триесетгодишниот фински возач досега бележи пет победи како член на Мерцедес, од кои две му се оваа сезона, додека на вкупно 10 трки стартувал од пол-позицијата.

Според табелата на возачи, по 12 овосезонски трки, Ботас е втор со 188 бода, 62 помалку од лидерот Хамилтон.

https://twitter.com/MercedesAMGF1/status/1167014295080755201

- Оглас -

Најнови вести