БОЖИЌЕН ХЕРОЈ: Некогашниот вардаров јунак покажа колку хуман човек е (Фото)

Бразилскиот ракометар Рожерио Мораеш во дресот на Вардар се радуваше на европската клупска титула, а потоа замина во Веспрем. Мораеш, кој на теренот секогаш е беспоштеден борец, овојпат ја покажа својата хумана страна.

Во родниот Бразил, Мораеш реши да израдува многу деца за Божиќ. Го наполни багажникот од автомобилот со пакетчиња и тргна во мисија. Во градот Абаететуба, каде што Мораеш ја започна ракометната кариера, беа однесени пакетчиња на многу дечиња кои немаат можност многу да се радуваат.

Иако не беше облечен како Дедо Мраз, Мораеш подеднакво ги израдува сите оние кои добија пакетчиња од ракометарот. Секоја чест.

 

 

- Оглас -

Најнови вести