Божиќна магија на Јокиќ за историја во НБА (Видео)

Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ испиша историја во НБА лигата на најрадосниот христијански празник. Јокиќ во победата на неговиот тим од 121:108 над Кливленд, го оствари 10-тиот трипл-дабл во сезоната и стана четвртиот играч во историјата на НБА со најмалку 10 вакви достигнувања во шест различни сезони. Тој средбата ја заврши со 28 поени, 15 скокови и 10 асистенции и им се приклучи на Оскар Робертсон, Меџик Џонсон и Расел Вестбрук кои исто така во шест различни сезони оствариле најмалку 10 трипл-дабл.

Денвер е најдобар тим во Западната конференција со скор 26-13, додека Кливленд е четврти на Истокот со 25-15.

Историска вечер имаше и Зек Лавин кој со 41 поен го предводеше Чикаго булс во победата над Филадедија од 126:112. Лавин постигна дури 11 тројки од само 13 шута и стана вториот кошаркар во историјата кој постигнал двоцифрен број на тројки со 80 отсто прецизен шут.

ЛА Лејкерс ја забележа четвртата победа по ред и се приближи до позициите кои носат пласман во плеј-офот.

Последна жртва на Лејкерси беше Атланта која е совладана со 130:114. Леброн Џејмс го предводеше победничкиот тим со 25 поени и 10 асистенции, а одлична партија и прикажаа Кендрик Нан со 23 поени, Денис Шрудер со 21 и Томас Брајант со 19 поени и 13 скокови. Кај Атланта, прво име беше Тре Јанг со 32 постигнати поени.
Лејкерси сега имаат скор 18-21 и се наоѓаат на само две победи од десеттото место во Западната конференција кое носи во разигрувањето за плеј-офот.

Кошаркарите на Бруклин ексресно го заборавија поразот од Чикаго кој им ја прекина серијата од 12 триумфи по ред, и утринава го победија Њу Орлеанс пеликанс со 108:102. Најдобар на теренот беше Кевин Дурент со 33 поени и 10 скокови, додека кај Њу Орленас се истакна Си Џеј Меколум со 28 постигнати поени.

Резултати: Индијана – Портланд 108:99, Филаделфија – Чикаго 112:126, Њу Орлеанс – Бруклин 102:108, Торонто – Њујорк 108:112, Милвоки – Шарлот 109:138, Оклахома сити – Вашингтон 127:110, Сан Антонио – Детроит 121:109, Денвер – Кливленд 121:108, Минесота – ЛА КЛиперс 128:115, Феникс – Мајами 96:104, ЛА Лејкерс – Атланта 130:114.

- Оглас -

Најнови вести