Божиќниот НБА-маратон почна со убедлив триумф на Бостон против шампионот

Бостон селтикс ја доби битката против шампионот Торонто репторс со конечни 118:102. Избраниците на Бред Стивенс им ја расипаа божиќната прослава на Рептилите, и тоа среде Торонто, кои пак немаа одговор на расположените Џејлен Браун и Кемба Вокер.

Домаќините отворија со одлична серија од 10-0, но уште по првата четвртина Бостон оствари предност од девет поени. Келтите продолжија да го полнат кошот на Торонто реализирајќи седум тројки во третиот период, па со +19 влегоа во последните 12 минути од средбата.

Иако шампионот вршеше напори да се врати во игра и да изнуди неизвесна завршница, Бостон не го дозволи тоа. Браун со 30 поени и 5/7 за три поени беше најефикасен од редовите на гостинскиот тим, а Вокер реализира 22 поени. На другата страна Ванвлит беше расположен со 27 поени.

- Оглас -

Најнови вести