Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Попович, објави список од 20 кандидати за настап на Светското првенство кое ќе се игра летово во Кина и според имињата, не изгледа дека Американците ќе имаат непобедлив тим. Екипата е силна, со Џејмс Харден и Ентони Дејвис како главни ѕвезди, но веројатно нема да бидат доминантни како во претходните десетина години на големите натпреварувања.
Од 5 до 9 август тимот ќе се подготвува во Лас Вегас и тогаш Попович ќе одлучи кои 12-мина ќе ги земе на Мундобаскетот. Кандидати се: Барнс, Бил, Дејвис, Драмонд, Гордон, Харден, Херис, Кузма, Лилард, Лав, Лаури, Лопес, Милсап, Мичел, Мекколум, Мидлтон, Тарнер, Тејтум, Такер и Вокер.
Од овие играчи, петмина имаат олимписко злато, а тројца беа во составот на САД на СП во 2014 година. И одличниот тренер Попович е нивен адут. Сепак, отсуствата на Леброн Џејмс, Стеф Кари, Кевин Дурант, Кајри Ирвинг и други ѕвезди им даваат надеж на ривалите дека може да изненадат.