Реал Мадрид го победи градскиот ривал Атлетико со минимални 2-1 во првиот осминафинален дуел на овие две екипи во Лигата на шампионите. Најзаслужен за победата на „кралскиот“ клуб е Брахим Дијас, кој во 55-тата минута, одлучи сам да ја завршува акцијата и да не проигра, што на крајот се покажа како вистинско решение.
Претходно, двете екипи постигнаа по еден еврогол во првото полувреме. Родриго погоди во четвртата минута, а возврати Хулијан Алварес во 32-рата минута.
Арсенал забележа нереална победа за оваа фаза од натпреварувањето, откако го совлада ПСВ на гостински терен со 1-7. Одегард погоди двапати, додека по еднаш беа прецизни Тимбер, Нванери, Мерино, Тросар и Калафиори. „Топчиите“ веќе се во четвртфиналето каде ќе го очекуваат подобриот токму од градската пресметка на Реал и Атлетико.
Последниот меч од вечерната осминафинална програма на Лигата на шампионите, помеѓу Борусија Дортмунд и Лил, заврши без победник, 1-1, откако Адејеми во 22-рата минута ги донесе „милионерите“ во водство од 1-0, а Харалдсон во 68-мата минута ги постави конечните 1-1 на овој меч.