22.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Брајан Мбеумо пристигна на „Олд Трафорд“

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед официјално го потврди трансферот на Брајан Мбеумо. Долго траеше оваа сага, повеќе од два месеци, но конечно заврши.
Брентфорд успеа да ги добие своите пари, барајќи повеќе од 70 милиони фунти за својот најдобар играч.

Јунајтед ќе исплати 65 милиони фунти веднаш, а дополнителни 6 милиони фунти ќе додаде преку бонуси. Ако се преведе во евра, веднаш ќе се исплатат околу 75 милиони, а уште 7 милиони ќе пристигнат како бонуси.

Мбеумо од самиот почеток на преговорите јасно го истакна својот интерес само за Манчестер јунајтед.

„Од првиот миг кога се отвори можноста да потпишам за Манчестер јунајтед, не размислував за друг клуб. Ова е мојот клуб од соништата и како дете отсекогаш сакав да играм со овој дрес“, изјави Мбеумо.

Рибен Аморим уште пред некое време донесе одлука да не смета на Маркус Рашфорд и Џејдон Санчо, како и на Алехандро Гарначо. Затоа трансферите на Матеус Куња и Брајан Мбеумо се од исклучителна важност за плановите на тимот.

- Оглас -

Најнови вести